Кнауф Вермипластер како противпожарна заштита
Ланецот на супермаркети во Австрија MPREIS отвори нова филијала во Инсбрук. Секој од нивните 250-те супермаркети се дизајнирани поинаку, па така во најновата филијала, на таванот е употребен нашиот FireWin производ Вермипластер, со што се споени две работи: функција (противпожарност) и дизајн.
На бетонскиот таван го имаат применето гипсениот малтер Вермипластер, со што е постигната пасивна противпожарна заштита во внатрешноста.
Со 15mm слој на Вермипластер е постигната противпожарност од EI 90.
Употребени се 8 тона од материјалот.
За изработка биле потребни три дена.
Адреса:
MPreis – Filiale, Museumstrasse 20, 6020 Innsbruck
Архитектура:
Rainer Köberl, rainerkoeberl.at
Фотографии:
Knauf/ P. Kubelka