Knauf Firewin

Knauf FireWin - нов бренд за сигурна заштита

Новости

Knauf

Knauf FireWin - нов бренд за сигурна заштита

knauf_fire_win_products_2.jpg


Во 2016 година, новата пасивна противпожарна заштитна линија, Knauf FireWin, се приклучи на семејството производи на компанијата Кнауф. Овој бренд е посебно наменет за архитекти, градeжници и инженери, помагајќи им да ги исполнат барањата на ПП регулативата. Основата за квалитетот на производот на FireWin е целосно разбирање на потребите на клиентите, изнаоѓање на лесни, брзи и економични решенија за заштита од пожар и секако овозможување на екслузивна услуга кон клиентите.

Производите на FireWin систем ги вклучуваат следниве производи за заштита од пожар:
• Противпожарни плочи
• Противпожарни бои
• Противпожарни малтери
• Противпожарни манжетни
• ПП заптивни пени и
• ПП заптивни силикони
Knauf FireWin производите редовно се тестираат и сертифицираат и ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет.


Ветувачки и огноотпорен старт на Knauf FireWin

На 9 март 2016 година производите на Кnauf FireWin доживејаа балтичка премиера со богат настан во Рига, со промотивни настани започна и успешната продажба на системите во сончевите југо-источни земји: Бугарија, Србија, Македонија и Црна Гора.


Атмосферата на настанот во Рига беше доста уникатна и особено соодветна на темата “противпожарна заштита”. Просториите на фабриката Knauf беа украсени со спектакуларни украси, противпожарни инсталации и историски реквизити на музејот на Летонската противпожарна бригада. Гостите се забавуваа со топли музички изведби и огнени перформанси. Покрај тоа, секој посетител имаше можност да се фотографира со "ПП дамите на FireWin” и за миг да почувствува, како е да се биде во пожарникарските чевли.
На овој Кнауф настан присуствуваа архитекти, градежници и инженери, како и инвеститори и претставници на противпожарната индустрија на Летонија, Литванија, Естонија, Русија, Грузија и други европски земји. Гостите имаа можност да ја следат презентацијата на производите за ПП заштита и да дознаат нешто повеќе на самото место, да добијат техничка стручна литература, литература за Кнауф FireWin како и да разговараат со специјалисти за заштита од пожар.


knauf_fire_win_presentation_2.jpg  

  


Раководителот на продажба на Кнауф Балтик го докажува квалитетот на FireWin

Кулминација на настанот беше огненото лого на FireWin, огномет и запалениот ѕид – изведба каде во реално време ѕидот беше изгорен со огнено оружје. Стоејќи на другата страна од ѕидот, притоа останувајќи непроменет и целосно заштитен, беше раководителот на продажба на Кнауф за балтичките земји, господинот Дариус Мешкуотис, кој изјави дека производите на Knauf FireWin се сигурни, квалитетни и безбедни.
Убавината и моќта на огнот вметнати во секој детал од настанот FireWin Launch и во живо изведените огнени елементи и перформанси, затворањето на настанот со огномет, па дури и тортата, целосно создадени како поддршка на убедливите технички аргументи за Кнауф производите за противпожарна заштита. Најдобриот избор за изградба на објекти. Запомни, "Не паничи, изграденo е од Кнауф "!


  


Истакнати гости во Скопје и Подгорица

Презентации на Кнауф FireWin производите во Македонија и Црна Гора беа одржани во јуни 2016 година, истите беа одлично примени, при што посетители не беа само индустриски стручни професионалци, туку исто така и претставници на локалните ПП авторитети, Министерствата за внатрешни работи и претставници од Градежниот факултет.
Како и во Рига, повторно, презентирањето на производите на FireWin вклучи импресивни перформанси кои јасно и недвосмислено ја демонстрираа нивната системска примена, како и квалитетот и сигурноста на противпожарната заштита на производите на FireWin.
Решенијата за пасивна заштита од пожар, Кнауф FireWin се безбедни, издржливи и еколошки и економски издржани решенија. Ги отелотворуваат сите карактеристики на брендот Кнауф - иновации, бескомпромисен квалитет и научен пристап.


  

  

Пресметајте ја потрошувачката со нашата

Алатка за пресметување
  • Само за регистрирани корисници
  • Пресметајте практичнa покриеност 
  • Пресметај вкупно
Регистрирајте се бесплатно Најавете се