Кнауф ПП решенијата се присутни на пазарот веќе подолго време. Како продолжение на написите за FireWin решенијата, Ве покануваме да погледнете дел од водечките решенија на Кнауф индустријата и да се информирате како тие можат да обезбедат оптимална ПП заштита на Вашите објекти.
ПП гипсените плочи ја нудат предноста на негоривоста на гипсот, со додатоци од стаклени влакна или вермикулит во јадрото на плочата.Зависно од барањата на позицијата, Кнауф произведува плочи со различна дебелина, со кои се постигнува ПП заштита од минимални 30 минути, па нагоре.
КНАУФ GKF ПРОТИВПОЖАРНИ ПЛОЧИ
ЗА СИСТЕМИ СО КЛАСА 1 ЗАШТИТА ОД ПОЖАР
Економични решенија за сува градба и ПП заштита на објектите. Кнауф ПП плочите се користат во различни системи. Спуштени тавани, ѕидни облоги, за ПП заштита на челични и дрвени конструкции, облоги на канали итн.
Што добивате:
• ПП заштита до 180 минути
• Висока структурална стабилност при изложување на пожар
• Минимални промени на димензии при промена на влага и температура
• Лесна монтажа – свитливост и сечење
• МКС EN 520, DIN 18180
КНАУФ GKF МАСИВНИ ПП ПЛОЧИ
ЗА СИСТЕМИ СО КЛАСА 1 ЗАШТИТА ОД ПОЖАР
Масивни плочи за масивна ПП заштита. Кнауф масивните ПП плочи се совршено решение за позиции со барања за висока ПП заштита, пр. ПП ѕидови, спуштени тавани, ѕидни облоги и облоги на канали.
Што добивате:
• ПП заштита до 180 минути
• Висока структурална стабилност при изложување на пожар
• Минимални промени на димензии при промена на влага и температура
• Лесна монтажа – свитливост и сечење
• Mасивност и отпорност
• Висока стабилност и кај еднослојни системи
• МКС EN 520, DIN 18180
KНАУФ FIREBOARD
ЗА СИСТЕМИ СО КЛАСА 2 ЗАШТИТА ОД ПОЖАР
Посебна ПП плоча со А1 класа на реакција на пожар. Кнауф Fireboard е совршена плоча за системи со посебно високи ПП барања. Се употребува во спуштени ПП тавани, заштита на конструктивни елементи, облоги на електро и вентилациски канали, системи соба-во-соба (Knauf Cubo), заштита на дрвени конструкции, итн. Препорачана употреба и во бродоградбената индустрија.
Што добивате:
• ПП заштита до 180 минути
• Висока структурална стабилност при изложување на пожар
• Минимални промени на димензии при промена на влага и температура
• Отпорност на свиткување
• GM-F, МКС EN 15283-1
За повеќе информации исконтактирајте експерт за ПП заштита од тимот на Кнауф. Верувајте во Кнауф FireWin системите и градете со висока ПП одговорност!