ПП манжетна од 60mm, од нер’ѓосувачки челик, за употреба со цевки и кабли од алуминиум, бакар, челик, спроведени со или без изолација (пенести обвивки или гибливи црева) низ конструкции од бетон, поро-бетон и гипсени системи. Одговараат на цевки со дијаметар од 40mm до 160mm. Обезбедува ПП заштита до 90 минути.
Кои се придобивките при користење на Кнауф ПП манжетни?
- Без минимално растојание помеѓу соседни манжетни
- Употребливи со сите популарни и присутни цевки на македонскиот пазар
- Брза и едноставна инсталација
- Без минимална. конструктивна висина за лесна монтажа во тесни зони или отвори прилепени до ѕид, таван или под.
- За инсталациски пробиви кај најчестите и најпопуларни прегради на македонскиот пазар.
- Можност за атестирана (омега) Ω – изведба на манжетната
- Цилиндрична метална навлака со можност за закосено местење
- Без можност за практични грешки при инсталација
- Nirosta навлака за трајна антикорозивност и функционална цврстина на манжетната
- CE-ознака и ETA 13/0758