Knauf Firewin

Воена болница Оломоуц

Czech Republic, Olomouc
Вид на градба



Највисока можна отпорност на пожар, брзина на апликација и заштеда на трошоци. Ова беа основните барања коишто ги имаше инвеститорот. Огноотпорниот гипсен малтер Knauf Vermiplaster ги исполни овие барања.

За време на реконструкцијата на историскиот комплекс своја употреба најде огноотпорниот малтер Knauf  Vermiplaster . Тоа е гипсен малтер, кој се применува со прскање и е  наменет за заштита од пожар особено на челични носачи и тавани, композитни тавани од трапезоиден лим и бетон, армирано-бетонски носечки и неносечки ѕидови, тавани, столбови и носачи. Гипсениот малтер има задача во текот на определено време во случај на пожар да ја заштити носивоста на елементите на конструкцијата. Временскиот опсег на отпорност се движи од 30 да 120 минути за челични и челично – бетонски композитни структури и до 180 минути за армирано – бетонски конструкции. Главен аргумент за изборот на ваквиот малтер е брзината на нанесување, која се врши механички. Пристапот кон работата е многу побрзо отколку, на пример, обложувањето на носачите со плочи отпорни на пожар. Истовремено,  овој технолошки пристап е исто така значително поевтин.

Станува збор за гипсен малтер којшто е наменет исклучиво за внатрешна употреба, има одлична адхезија на бетон и челик и како материјал не подлежи на деградација. Животниот век му се одредува на 25 години согласно Европското техничко одобрение. Лесното нанесување со прскање (со машина PFT G4) на овој лесен, но навистина силен малтер може да се процени, на пример, во комплексни конструкции.

Претплатете се, за да добивате новости


Пресметајте ја потрошувачката со нашата

Алатка за пресметување
  • Само за регистрирани корисници
  • Пресметајте практичнa покриеност 
  • Пресметај вкупно
Регистрирајте се бесплатно Најавете се