Knauf Firewin

Сумавска кула Брно

Czech Republic, Brno
Вид на градба

Архитекти
Roman Zajíc and Jaroslav Ryška



Реконструкцијата на високите згради не беше воопшто едноставна. Во суштина, се пристапи кон постепено откривање на објектот или како што се нарекува „ срцевината“. Кон самиот скелет мораше да биде додадена нова челична конструкција која мора да биде заштитена од пожар. Првата идеја се однесуваше на обложување со огноотпорни гипс -картонски плочи, но тоа се покажа како неизводливо од работна гледна точка, како и во поглед на цена и време. Оттаму, беше предложено решение за да се обезбеди отпорност на пожар  на челичните носачи и столбови со користење на огноотпорен малтер Vermiplaster. Отпорност на пожар на челичните конструкции беше за 90 мин.

Vermiplaster е огноотпорен малтер кој е наменет за противпожарна заштита на челични греди и тавани, композитни тавани од трапезоиден лим и бетон, армирано-бетонски носечки и неносечки ѕидови, тавани, столбови и носачи Опсегот на отпорност на пожар се движи од 30 до 120 минути за челични и челично-бетонски композитни конструкции  и до 180 минути за армирано-бетонски конструкции. Предноста на Vermiplaster е брзата примена, перфектната адхезија, способноста за заштита на комплексните структури и висок животен век утврден на најмалку 25 години. Се нанесува со конвенционална машина за малтерисување PFT G4 со завртка D4-3.

Оваа технологија е избрана заради заштедата на средства и време. Единствено на што треба да се посвети внимание е контролата на дебелината на испрсканиот материјал на конструкцијата бидејќи тоа влијае на декларираната отпорност на пожар. Имајќи го предвид ова, во така висока зграда носачите нагоре стануваат потенки, со што се менува дебелината на нанесениот слој Vermiplaster (во горниот дел е потребен повеќе материјал). Вкупно, преку 80 тони гипс е испорачан и применет за противпожарна заштита на објектот.

Реконструкцијата на зградата „Шумавска 35“ во суштина  претставува „слагалка“ од продукти Кнауф. Фактот дека постојната таванска структура има носивост од само 150 кг по квадратен метар ја предодреди употребата на сувата градба зад главната технологија. Градбите, социјалните установи, други разни места, естетските тавани и др. се изградени од системите Кнауф за сува градба. Се проценува дека станува збор за 32 илјади метри квадратни плочи.

Реализацијата на противпожарната заштита на реконструираните високи згради во Брно веројатно е најголемата нарачка од овој тип.

Претплатете се, за да добивате новости


Пресметајте ја потрошувачката со нашата

Алатка за пресметување
  • Само за регистрирани корисници
  • Пресметајте практичнa покриеност 
  • Пресметај вкупно
Регистрирајте се бесплатно Најавете се