Посебни ПП плочи, со највисока А1 класа на реакција на пожар. Применливи во системи на спуштени тавани, облоги на канали, вентилациски канали и канали за електрични инсталации, систем соба-во-соба (Knauf Cubo), ПП заштита на конструктивни елементи од челик или дрво. Бродоградежната индустрија најсигурно се потпира на овој тип на плочи.
Кои се придобивките при користење на овие плочи?
- Заштита од пожар до 180 минути
- Значителна структурна отпорност при изложеност на пожар
- Мал степен на ширење и собирање при климатски промени
- Лесни за монтажа
- Отпорни на свиткување
- Произведени според МКС EN 15283-1 (тип GM-F)