Knauf Firewin

Авијатика

Чешка, Прага
Вид на градба

Архитекти
Cigler Marani Architects



Новиот административен центар Авијатика, свечено отворен во септември 2015 година може да се пофали со завршена фасада и околина. Иако објектот однадвор изгледа дека е завршен, реално не е така. Завршени се јавните површини, рецепцијата, пристапните ходници и ходниците за итен излез, како и тоалетите. Внатрешната диспозиција на својот изнајмен простор ја определува клиентот сам  и затоа секоја изнајмена единица претставува  оригиналното решение за просторот и дизајнот.

Центарот Авијатика  го посетивме пред сè, за да укажеме на многу интересни детали и решенија и какви можности во денешното модерно градежништво нуди сувата градба. Ајде заедно да погледнеме како навидум едноставните делови од зградата кријат во себе техничка и рачно изработена уметност.

Рецепцијата остава впечаток како да по таванот и ѕидовите изработени од гипс картон се спуштаат капки од стопен метал. Светлата се менуваат наизменично со дифузерот на вентилацијата и на прв поглед просторот изгледа многу интересно. Меѓутоа, кога ќе сфатиме дека ѕидовите и таваните благодарение на овие ефекти во суштина се составени од индивидуални ленти од независни носечки конструкции, ќе оцениме дека сè се вклопува и остава впечаток на целина.

Некои детали обичниот човек воопшто не ги забележува, туку ги восприема како составен дел од градбата, односно ги зема здраво за готово. Таков е завршетокот на преградните ѕидови кај стаклената фасада. Тоа не е многу видливо, но сепак мора да биде изведено со лизгање бидејќи со влијанието на температурните промени фасадата се движи и кога кон неа преградниот ѕид фиксно би бил прицврстен, спојот меѓу конструкциите ќе се дисперзира. Дополнително, спојот треба да биде колку што е можно повеќе звучно изолиран за да бучавата не се пренесува меѓу канцелариите. Пиновите на фасадата изгледаат робусно, но овие профили на комората се така конструирани за да не дозволат звукот да влегува однадвор навнатре и обратно.Но, што се однесува до заштитата на звукот во попречната насока, во тој случај може да се каже дека заштита речиси да нема. И затоа пиновите на фасадата се поставуваат релативно длабоко во преградниот ѕид  за да се пропушта колку што е можно помалку звук на другата страна на канцеларијата.

Ќе се задржиме уште малку на некои интересни детали кои делуваат дискретно, а функционираат добро. На пример „блендата“ на ролетните на округлата фасада изгледа чисто и елегантно. Но и споевите на двете нивоа на таванот исто така мора да бидат насекаде исто високи и рамни за да биде пријатно за око. Сето ова е секако во заоблена изведба која го следи обликот на округлата фасада.

Дури и ходниците меѓу вградените канцеларии го следат обликот на зградата. Сè се конвергира во невидлива точка на исчезнување дадена со обликот на фасадата. Оттаму, овде е многу тешко да се видат правите агли.

Ѕидовите во ходниците, иако изгледаат како да се од обичен гипс картон, се поцврсти отколку што изгледаат на прв поглед. Направени се од масивни плочи на Knauf Massivbauplatte со дебелина од 25 mm, кои се поставени хоризонтално, а гипс-картонските плочи  Knauf со стандардна форма се поставени на класичен начин – исправено (*вертикално). Резултатот е многу издржлива ѕидна структура.

Меѓу индивидуалните изнајмени простори беше искористен новиот тип на безбедносни преградни ѕидови Knauf  RC3 и тоа типот W 353. Конструкцијата од гипс картон ја чинат стандардни профили со изразена дебелина и специјални плочи Knauf Massivbauplatte со дебелина од 25 мм.  А бидејќи плочите се широки само 625 мм се поставуваат на решетка во надолжен правец. Поентата е издржливост, односно како во преградата да има челичен лим. Времето на пробојност (*поместување) одговара на класификацијата RC3.

Целата градба содржи противпожарни сегменти бидејќи акцентот за заштита од пожар и безбедност е од суштинско значење за објекти од овој тип. Повеќето вакви конструкции воопшто не се видливи. Но, некои од нив се видливи, на пример, обложувањето на челичната конструкција. На сликата се прикажани две сосема различни решенија за еден случај на противпожарна отпорност. Еднoто е визуелно, изработен со технологија за сува градба Knauf, а другото останува скриено над таванот и е изведено со употреба на минерална изолација. Овде, може да се види дека при изборот на решение за противпожарна заштита постојат неколку начини на изведба и треба да се избере вистинското. Затоа постои Knauf  Fire Catalog за противпожарна заштита каде што дури и најспецифичниот клиент може да го избере решението.

Претплатете се, за да добивате новости


Пресметајте ја потрошувачката со нашата

Алатка за пресметување
  • Само за регистрирани корисници
  • Пресметајте практичнa покриеност 
  • Пресметај вкупно
Регистрирајте се бесплатно Најавете се